23 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРА„Нетфликс“ ја најавува втората сезона на хит-серијата „Сквид гејм“

„Нетфликс“ ја најавува втората сезона на хит-серијата „Сквид гејм“

Глобалниот мегахит Squid Game ќе се врати за втора сезона, соопшти „Нетфликс“ во неделата, нудејќи неколку навестувања за тоа што претстои во мрачната корејска драма.

„Сквид гејм“ стана најгледаната серија на „Нетфликс“ кога беше објавена во септември 2021 година.

Серијата ја раскажува приказната за натпреварувачи кои се во долгови и играат игри од детството за да добијат шанса за суми пари што ќе им го промени животот.

Инспирираше безброј мемиња и костими за Ноќта на вештерките и покрена продажба на зелени тренерки.

Хванг Донг Хјук, сценаристот и режисерот на огромниот хит што го гледаа преку 142 милиони домаќинства,  во писмо објавено од „Нетфликс“ откри неколку детали за втората сезона на серијата. Ликовите Ги-хун и ‘Фронтмен’ се враќаат, рече тој, а и човекот во костум со даки можеби ќе се врати.

„Ќе се запознаете и со момчето на Јанг-хи“, додаде тој. Јанг-хи е аниматронска кукла што чувствува движење, прикажана во една од игрите.

„Нетфликс“ не соопшти кога ќе биде објавена новата сезона.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП