27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГрузијците покажаа класа и убедливо ја совладаа Македонија

Грузијците покажаа класа и убедливо ја совладаа Македонија

Фудбалската репрезентација на Македонија доживеа пораз (0:3) од Грузија на Националната арена „Тодор Проески“ и речиси ги загуби сите шанси за да го освои првото место во групата кое води во плеј-оф за пласман на ЕВРО 2024. Грузијците со три победи и девет бода се убедливо напред по една половина од одиграните мечеви во групата.

Македонија беше подобра во првото полувреме, Елиф Елмас се закани двапати, но шутираше директно во противничкиот голман Ѓорѓи Мамардашвили. Се обидоа и Енис Барди и Александар Трајковски, но без ефект.

Голем пад во играта на нашата репрезентација се случи на почетокот на второто полувреме, а Грузија тоа знаеше да го казни.

Буду Зивзивадзе во 52.минута го надмудри Столе Димитриевски по центаршутот од левата страна, а десет минути подоцна Квича Каварачкелија со силен удар од 25 метри зголеми на 0:2.

Во 84. минута, Грузија постигна и трет погодок. По центаршутот од левата страна, Отар Китеишвили се снајде одлично на вториот дирек и ја погоди уште еднаш мрежата на Димитриевски.

Следен предизвик за Македонија ќе биде Гибралтар, на 12 јуни на арената во Скопје. Гибралтар вечерва одигра 1:1 против Бугарија на домашен терен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП