27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛиверпул ќе плати 100.000.000 евра за Дарвин Нуњез

Ливерпул ќе плати 100.000.000 евра за Дарвин Нуњез

Фудбалскиот клуб Ливерпул планира да го урне клупскиот рекорд со трансферот на напаѓачот на Бенфика Дарвин Нуњез (22), пренесува „Тајмс“. Актуелен рекордер на клубот од „Енфилд“ е Вирџил ван Дајк, за него Ливерпул издвои 75.000.000 фунти.

Бенфика е подготвена да го продаде својот најдобар стрелец, но не за помалку од 100.000.000 евра (85.000.000 фунти).

Ливерпул се уште не испратиле официјална понуда за Нуњез, бидејќи во клубот се разгледувале и други опции кои би можеле да бидат поевтини и поквалитетни, но како што тврди „Тајмс“, поранешниот напаѓач на Алмерија е прв пик кај менаџерот Јирген Клоп.

Интерес за ова момче покажаа и Манчестер Јунајтед и Атлетико Мадрид, но она што „Тајмс“ многу јасно го истакнаа е дека европскиот вице-шампион нема да оди преку зацртаната сума, и дека Ливерпул нема да влезе со наддавање со други тимови.

Дарвин Нуњез постигна два гола против Ливерпул на двата натпревари од четвртфиналето на Лигата на шампионите. Сезоната ја заврши со 34 гола на 41 натпревар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП