3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКлубовите потрошија 2.5 милијарди за трансфери

Клубовите потрошија 2.5 милијарди за трансфери

Football-transfers

Летниот преоден рок во речиси цела Европа е веќе завршен и што се случило во последните неколку месеци веќе може да се резимира.

Според податоците на ФИФА, ова лето се направени точно 10.454 трансфери во целиот свет. Целата сума потрошена за нови фудбалери изнесува импресивни 2.5 милијарди евра.

За споредба, во минатото лето беа направени 10.513 трансфери, но износот тогаш бил за 29 проценти помал, отколку сега.

Значително е зголемен и процентот кој фудбалските агенти го заработиле при трансакциите за своите клиенти. Само ова лето тие земале 128 милиони евра.

Интересно е дека најпопуларната дестинација за трансфери била од Португалија кон Бразил, што само по себе е прилично чудна. Дури 132 играчи го презеле овој чекор. 98 фудбалери пак ја замениле Аргентина со .. Чиле!

Најмногу пари се потрошени од Шпанија кон Англија – 227 милиони евра. Тоа сепак не е ни чудно, со оглед на 100-те милиони платени од Реал на Тотенхем за Герет Бејл.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП