25 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНеколку причини зошто да јадете зелена салата

Неколку причини зошто да јадете зелена салата

Ако зелената салата досега не била често во вашето мени, време е да ја промените таа навика. Овој вкусен зеленчук е навистина многу здрав.

Ова се причините зошто треба да јадете зелена салата…

1. Има малку калории и масти. Една чинија зелена салата содржи само 30 калории.

2. Помага при слабеење. Зелената салата содржи доста растителни влакна. Покрај тоа што ќе ве заштити, зелената салата ќе ви го подобри и варењето. Исто така, влакната помагаат и при исфрлањето на солта од организмот.

3. За здраво срце. Витаминот Ц и бета-каротенот во зелената салата заедно спречуваат оксидација на холестеролот.

4. Содржи омега 3 масни киселини. Зелената салата има совршен однос на омега 3 и омега 6 масни киселини.

5. Богата е со протеини. Дури 20 проценти од калориите во зелената салата потекнуваат од протеините.

6. Овозможува мирен сон. Зелената салата ја содржи материјата лактукариум, која има својства слични на опиум, но без штетни ефекти.

7. Го одржува оптимално нивото на киселост во организмот. Минералите во зелената салата помагаат во отстранувањето на токсини од организмот и го одржуваат оптимален балансот на киселоста. Ова е значително бидејќи доброто ниво на киселост му дава енергија на телото, му овозможува мирен сон и поволно влијае на кожата.

8. Низок гликемиски индекс. Храната која има низок гликемиски индекс, како зелената салата, особено се препорачува за лицата кои имаат проблеми со шеќерот во крвта или оние кои сакаат да ослабат.

9. Најчесто се јаде свежа. Зелената салата речиси секогаш ја јадеме свежа, па во организмот внесуваме многу лековити материи кои со термичката обработка би се уништиле.

10. Има одличен вкус. И покрај тоа што нема многу калории, зелената салата во комбинација со разните преливи има феноменален вкус. Поради тоа, можете да уживате во сочната салата и на својот организам да му обезбедите многу корисни и здрави состојки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП