25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСилниот долар го поттикна „Microsoft“ да ја намали својата прогноза

Силниот долар го поттикна „Microsoft“ да ја намали својата прогноза

Американскиот технолошки гигант „Microsoft“ ја намали прогнозата за приходите и профитот за четвртиот фискален квартал поради влијанието на силниот долар. Веста ја намали цената на акциите на компанијата за 3%, пренесува „CNBC“.

Доларот поскапе за околу 14% во однос на кошницата валути во текот на изминатата година, поддржан од активностите на Федералните резерви и растечките геополитички тензии.

Засилениот долар врши притисок врз профитот на американските компании кои работат во странство кои ги менуваат странските валути во долари. Ова ја надополнува корпоративната загриженост за забрзување на инфлацијата.

„Microsoft“, кој генерира најголем дел од приходите од облак услугите, очекува неговите квартални приходи да бидат помеѓу 51,94 милијарди и 52,74 милијарди долари, под претходниот опсег од 52,40 милијарди до 53,20 милијарди долари.

Компанијата ја намали прогнозата за заработка на 2,24-2,32 долари по акција, од 2,28 на 2,35 долари по акција.

Аналитичарите предвидуваа 2,33 долари по акција со 52,87 милијарди долари приход, според „Refinitiv“.

Во април „Microsoft“ соопшти дека очекува двоцифрен раст на приходите за следната фискална година, поддржан од побарувачката за облачни услуги.

„Salesforce.com“, „Coca-Cola“, „Procter & Gamble“ и „Philip Morris International“ се меѓу другите компании кои предупредија дека нивниот профит ќе биде погоден од силниот долар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП