2 јуни, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 03.06.2022

Дневен хороскоп 03.06.2022

oven1

Овен (21.03 – 20.04)

Бидете дипломати и ќе успеете да ги остварите вашите цели. Вие сте паметни и умеете добро да ја процените ситуацијата. Со своите тактики можете да стигнете далеку. Подобрете ја вашата кондиција.

bik1

Бик (21.04 – 21.05)

Немојте да се задоволувате со половични решенија. Доколку постои некој проблем, најпрвин решете го, па потоа продолжете. Бидете подетални и потемелни, единствено така работите можат да се поправат.

bliznaci1

Близнаци (22.05 – 22.06)

Не ви е проблем саканото лице да го убедите да поддржи некои ваши идеи. Не може да се каже дека манипулирате, но на некој начин си поигрувате со безизлезните ситуации. Ќе ви одговара престојот во природа.

rak1

Рак (22.06 – 22.07)

Дојде време да ги поправите грешките кои ги направивте. Ако се занимавате со приватен бизнис ќе бидете неазадоволни со моменталната финансиска ситуација. Од вас зависат многу нешта. Можен е стомачен вирус.

lav1

Лав (23.07 – 22.08)

Кога размислувате за иднината, сфаќате дека имате многу обврски и се прашувате како ќе постигнете се во зададениот рок. Многу ви е тешко да се концентрирате, па со самото тоа си набивате притисок. Проверете ја крвната слика.

devica1

Девица (23.08 – 22.09)

Понекогаш делувате збунувачки на партнерот. Склони сте на бројни промени на однеусвањето и ненадејни реакции, па саканото лице не знае што може да очекува од вас во секој миг. Склони сте на меланхолија, депресија, односно промени на емотивната состојба.

vaga1

Вага (23.09 – 22.10)

Обврските кои ги имате ве гушат и притискаат. Имате се помала концетрација. Сериозно размислувате за тоа дека дошло времето да го промените работното место. Можно е даа имате хроничен проблем со нискиот притисок. Умерено со кафето и цигарите.

shkorpija1

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Потребен ви е партнер за сериозна врска. Подготвени сте на некои значајни потези во својот живот, но за тоа ви е потребно вистинското лице. Искрената љубов не може да се нарача кога ви е најпотребна. Поведете сметка за вашето емотивно незадоволство.

strelec1

Стрелец (22.11 – 21.12)

Можете да очекувате сосема солиден ден во кој ќе обавите многу корисни работи. Имате поддршка од семејството и со нивната помош ќе успеете да ги остварите вашите замисли. Можни се проблеми со циркулацијата.

jarec1

Јарец (22.12 – 20.01)

Можно е во вас постепено да се буди љубомора поради некои постапки на партнерот. Склони сте на нагли реакции и тешки зорови, можна е кавга. Внесувајте повеќе вода во организмот.

vodolija1

Водолија (21.01 – 19.02)

Доколку планиравте да поднесете барање за кредит или од пријателите да побарате помала позајмица, денешниот ден е идеален да ги заокружите идеите. Привременото решение на финансиските проблеми доаѓа наскоро. Намалете го внесувањето на масна и лута храна.

riba1

Риби (20.02 – 20.03)

Немате доволно енергија за бројните обврски кои ви се насобрале. Навистина се трудите да ги исполните деловните задачи кои ви се дадени, но едноствано не ви оди. Во комуникацијата со саканото лице и двајцата повеќе зборувате за себе наместо да го слушате другиот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП