Производителот на долна облека „Victoria’s Secret“ објави тримесечен профит кој ги надмина очекувањата на „Wall Street“, но предупреди дека може да продолжи да се соочува со проблеми со синџирот на снабдување и предизвици во продажбата до крајот на годината.
Компанијата со седиште во Охајо соопшти дека се соочила со „бариери во синџирот на снабдување“ во текот на тримесечниот период кој завршува на 30-ти април. Во исто време, го надмина растот на продажбата што го забележа во истиот период една година претходно, кога луѓето ги трошеа своите пари од федералните стимулации.
Приходите од продажбата на „Victoria’s Secret“ паднаа за 4,5 отсто во однос на претходната година, но ги исполнија прогнозите на „Wall Street“. Компанијата забележа дека федералните стимулации ги поддржале приходите од продажба за околу 75 милиони американски долари во истиот квартал од 2021-ва година.
За последниот извештајен период, компанијата објави дека ужива силен бизнис со долна облека и производи за убавина, додека меѓународниот сегмент се опорави од големите ограничувања поврзани со Ковид-19.
Цената на акциите на гигантот порасна за околу 7% за време на тргувањето на берзата.
За трите месеци до 30-ти април, нето приходот беше 76,14 милиони долари, или 93 центи по акција, во споредба со нето добивката од 174 милиони долари, или 1,97 долари по акција, една година порано.
Без еднократните ефекти, „Victoria’s Secret“ заработи 1,11 долари по акција, над очекуваните 84 центи по акција на аналитичарите.
Приходите паднаа за 4,5 отсто на 1,48 милијарди долари од 1,55 милијарди долари една година порано. Сепак, тие ја исполнија прогнозата на „Wall Street“.
Приходите од продажба во малопродажните места, кои се отворени најмалку една година, се намалени за 8% во кварталот во однос на истиот период од 2021-ва година. Приспособени за придонесот на стимулациите од минатата година, овие приходи се намалија за 3%.
„Victoria’s Secret“ го заврши кварталот со 37% повеќе залихи од минатата година, што според неа главно се должи на подолгото време на испорака и повисоките трошоци за инфлација.
За вториот квартал, „Victoria’s Secret“ очекува да заработи помеѓу 95 центи по акција и 1,25 долари по акција на приспособена основа. Аналитичарите прогнозираат 1,19 долари по акција.
Компанијата предвидува дека нејзините приходи од продажба ќе паднат за низок едноцифрен процент или ќе се зголемат за низок едноцифрен процент во споредба со една година порано. Според аналитичарите, ќе има раст од 1,7% според „Refinitiv“.