20 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАТом Круз ги терал актерите од „Топ Ган 2“ на ригорозни тренинзи

Том Круз ги терал актерите од „Топ Ган 2“ на ригорозни тренинзи

Том Круз постојано инсистирал актерскиот тим на „Топ Ган: Маверик“ да оди до крајни граници со летечките секвенци.

59-годишниот актер ја репризираше улогата на Пит „Маверик“ Мичел во долгоочекуваното продолжение на „Топ ган“ и сметал дека е неопходно неговите колеги да поминат низ ригорозни тренинзи за блокбастерот.

Запрашан дали размислува да го олесни обемот на работа, Том изјави за Screen Rant: „Не, апсолутно не. Целата поента и убавина на снимањето филмови е тоа што можете да патувате низ светот, да гледате други култури и да бидете дел од заедниците. Да одите во туѓи чевли и да чувствувате она што тие го чувствуваат“.

„Снимајќи филмови, постојано учите, мора постојано да работите за да станете сè покомпетентни во многу различни области.“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП