28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАфрика ја доби првата милијардерка

Африка ја доби првата милијардерка

izabel1

Изабел Дос Сантос, ќерка на претседателот на Ангола, Хозе Едуардо Дос Сантос, е првата жена милијардерка во Африка.

Како што наведува магазинот Форбс, Изабел го стекнала своето богатство со инвестирање и купување на акции во јавните акционерски друштва во Португалија, и со купување на акции од банките и кабловските телевизии.

Според податоците на Форбс, богатството на Изабел ја преминало границата од една милијарда долари.

Избаел Дос Сантос студирала инженерство на Кралскиот колеџ во Лондон, каде што живеела со нејзината мајка која била разведена од нејзиниот татко. Првата работа со која започнала да се занимава е ресторанот Мајами Бич, кој го отворила во Луанда Ангола, во 1997 година.

Изабел поминала долг пат кон големиот успех во бизнисот, пред се со ангажманите во одборите на неколку компании вo Ангола и Португалија. Во мај 2012 година таа го зголемила својот удел во најголемата ТВ компанија во Португалија „ZON Multimedia“, од 4,9 проценти, на 14,9 проценти. Денеска таа поседува 28,8 проценти од акциите и е еден од најголемите акционери на таа компанија, чија вредност се проценува на 385 милиони долари.

Исто така, ќерката на претседателот на Ангола поседува акции и во една од најголемите португалски банки „Banco BPI“. Таа, исто така, се наоѓа на чело на банката во Ангола, со удел од 25 проценти. Според некои извори на Форбс, таа поседува дел и во „Unitel“, една од двете телекомуникациски компании во Ангола.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП