27 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПВикенд хороскоп 21-22.05.2022

Викенд хороскоп 21-22.05.2022

Овен (21.03 – 20.04)

Викендов ќе сакате да го поминете во релаксација, иако ќе имате некои ситни задачи, сепак нема да имате волја да ги завршите. Во ред е да се опуштите и да одморите, но од понеделник сериозно пристапете им на обврските. Во љубовта малите кавги нема да успеат да ја нарушат хармонијата.

Бик (21.04 – 21.05)

Ќе почувствувате креативна инспирација и со леснотија ќе завршите бројни обврски овој викенд. Понекогаш умеете да оставите фантастичен впечаток на околината, па така соработниците ќе очекуваат ваше мислење за различни деловни теми. Партнерот ви е малку сомнителен.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Пред вас е голем пресврт од кој можете да направите чудо. Имате креативност, сила и амбиција, но и една маана. Премногу емотивно реагирате на критиките. Научете да се контролирате и стекнете самопочит.

Рак (22.06 – 22.07)

Во љубовниот живот ви одговара нечие присуство, но ви недостасува прилика да ги остварите своите намери. Бидете дискретни во средбите кои изобилуваат со силни емоции или некои прикриени страсти. Ќе ве изненади повикот за дружење од пријателите.

Лав (23.07 – 22.08)

Се наоѓате во романтично расположение и посакувате силни изливи на љубов. Во емотивниот занес сте подготвени да се пробате во нови и предизвикувачки ситуации. Ново познанство стои пред вас.

Девица (23.08 – 22.09)

Нема причина да ги одложувате средбите со соработниците. Тие ќе имаат одлични идеи за вас. Постои личност за која ве врзуваат заедничките деловни интереси и позитивното искуство. Активирајте се повеќе во некој спорт.

Вага (23.09 – 22.10)

Не верувате во нечии ветувања на полето на работата, потребна ви е поголема гаранција или потврда за да бидете сигурни. Делувате задоволно поради настаните кои ве следат во љубовниот однос. Важно е правилно да вреднувате нечии чувства и постапки.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Прифатете го фактот дека не можете на се да влијаете. Во љубовта бидете малку почувствителни, обидете се да ги разберете чувствата на партнерот. Ќе бидете среќни викендов.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Делувате оптимистично и насмевката од задоволство ќе се најде на вашето лице. Речиси се што ќе замислите умеете и да го остварите на добар начин. Прифатете различни можности. Послушајте ги советите на семејството и пријателите.

Јарец (22.12 – 20.01)

Добро и позитивно влијание имате на деловната околина. Тоа ви помага да бидете уште посилни. Не сте претерано задоволни со љубовниот живот. Можна е осаменост. Чувајте се од настинки.

Водолија (21.01 – 19.02)

Ова е одличен викенд да успеете во сите сфери. Врската ви влегува во мирни води а партнерот се труди на различни начини да ве убеди во чувствата. Немате причина да не му верувате. Опасност може да се јави ако претерате со трошење.

Риби (20.02 – 20.03)

Потрудете се околу партнерот и покажете малку повеќе љубов. На полето на кариерата нема да се соочите со проблеми. Честите деловни патувања ќе ви донесат поголема заработка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП