петок, 27 мај 2022
ПочетнаКУЛТУРАПогледнете го трејлерот за долгоочекуваното продолжение на „Аватар“ (ВИДЕО)

Погледнете го трејлерот за долгоочекуваното продолжение на „Аватар“ (ВИДЕО)

Првиот трејлер за долгоочекуваното продолжение на научно-фантастичниот спектакл „Аватар“ во режија на Џејмс Камерон конечно е пред публиката.

За нешто повеќе од 90 секунди од трејлерот, се враќаме во магичниот свет на планетата Пандора, каде херојот од првиот дел Џејк Сали живее со своето семејство.

„Кога ќе се врати познатиот непријател кој се обидува да ги уништи, Џејк и Нејтири ги здружуваат силите со војската на морнарицата за да ја заштитат својата планета“.

Оригиналниот „Аватар“ од 2009 година останува комерцијално најуспешниот филм на сите времиња, со заработка од 2,84 милијарди долари на благајните ширум светот. Беше номиниран за девет Оскари, а освои и награди за визуелни ефекти, фотографија и сценографија.

Премиерата на продолжението на „Аватар“ првично беше најавена за 2014 година, но недостатокот на технологија неопходна за одредени визуелни ефекти го одложи производството.

Снимањето конечно започна во 2017 година и заврши во 2020 година, но пандемијата на коронавирус ја забави веќе напорната постпродукција на филмот.

Џејмс Камерон најави уште три продолженија на „Аватар“, кои во кината треба да пристигнат во 2024, 2026 и 2028 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП