петок, 27 мај 2022
ПочетнаКУЛТУРАСликата „Мерлин“ на Ворхол продадена за 195 милиони долари

Сликата „Мерлин“ на Ворхол продадена за 195 милиони долари

На добротворната аукција на „Кристи’с“, култниот поп-арт портрет на Мерлин Монро го урна аукцискиот рекорд на кој било американски уметник.

Можеби сликата не е пикантна, како онаа на Мерлин со нејзиниот фустан што се крева нагоре во филмот The Seven Year Itch, но во понеделникот вечерта стана најскапа.

За помалку од четири минути наддавање, сликата на американскиот уметник Енди Ворхол од 1964 година со ликот на актерката, ‘Shot Sage Blue Marilyn’, продадена е за 195 милиони долари на непознат купувач во „Кристи“ во Њујорк, највисока постигната цена за американско уметничко дело на аукција.

„Ја продадовме најскапата слика на 20. век“, рече експертот на „Кристи’с“, Алекс Ротер. „Ова е големо достигнување.“

Делото со живописни бои и гламурозна тема ја надмина високата цена од 110.5 милиони долари за сликата која покажува лице во форма на череп, дело на американскиот авангарден уметник Жан-Мишел Баскијат што постави рекорд во „Сотби“ во 2017 година, како и сликата на Ворхол „Сообраќајна несреќа“, која беше продадена за 105.4 милиони долари во 2013 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП