18 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАБоно со својот бенд У2 настапи во метро станицата во Киев(ВИДЕО)

Боно со својот бенд У2 настапи во метро станицата во Киев(ВИДЕО)

Легендарниот пејач Боно настапи со својот бенд У2 во метро станицата во Киев среде руските напади врз Украина.

Боно и У2 ги изведоа култните хитови „Angel of Harlem“, „With or Without Your“ и многу други, додека публиката пееше со нив.

Жителите на Киев барем накратко заборавија на сите ужаси од војната што руските трупи ги донесоа со себе, почнувајќи од 24 февруари, кога започна инвазијата.

Заедно со Боно и У2 настапи и Тарас Топола. Своето пристигнување во Украина го најавија и други ѕвезди, во знак на поддршка, пренесе Дневен аваз.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП