29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„BMW M135i xDrive“ за 2022-ра година (ФОТО/ВИДЕО)

„BMW M135i xDrive“ за 2022-ра година (ФОТО/ВИДЕО)

„BMW“ објави фотогалерија од освежениот „M135i“ за 2022-ра година. Најважните промени се двете нови бои кои се во понудата, како и новиот пакет спортска опрема.

Внимание најпрво привлекува бојата „Sao Paulo Yellow“ со нијансата на жолта која веќе ја видовме на моделите „M3“ и „M4“, додека другата боја „Frozen Pure Grey“ е металик сива боја.

Токму оваа втора нијанса беше избрана за промоција на новата опрема „M Performance“.

Пакетот додатоци достапен за предводникот „Series 1“ е сеопфатен и вклучува сјајни црни детали за украсување на каросеријата – предна решетка, браници и заден спојлер.

Голем новитет е масивниот заден дигестор направен од специјално направени јаглеродни влакна, а истиот материјал го има и на страничните ретровизори.

Другите претставени делови на „M Performance“ го вклучуваат споменатиот голем спојлер на покривот, воланот обложен со алкантара и со кожа, како и новите патосници.

За потсетување, „BMW M135i“ го придвижува 2.0-литарски четирицилиндричен турбо бензинец со 306 ks и 450 Nm максимален вртежен момент.

Стандардно, моторот е поврзан со осумстепен автоматски менувач кој ја испраќа силата на сите четири тркала.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП