26 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕОваа намирница го намалува притисокот и ја чува линијата

Оваа намирница го намалува притисокот и ја чува линијата

Богат со хранливи и лековити состојки, аспарагусот уште одамна е познат како извонреден чистач на организмот.

Овој нискокалоричен зеленчук изобилува со витамините Б6, Б9, А, Ц, К и Е, калциум, магнезиум, цинк, селен, бакар, манган, фосфор, железо, влакна и протеини.

Освен тоа содржи и многу хром, кој го намалува чувството на глад, поради што особено им се препорачува на дамите кои имаат проблеми со вишокот килограми.

Аспарагусот го стимулира исфрлувањето на токсини, го олеснува мокрењето, го намалува холестеролот во крвта и крвниот притисок и ја подобрува работата на срцето.

Истовремено, бидјеќи е богат со калциум, го ублажува губитокот на овој минерал од коските. Освен тоа содржи и глутатин, силен антиоксиданс кој го штити организмот од слободните радикали кои го забрзуваат стареењето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП