20 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТелеком Словенија ја зголеми добивката за 17 проценти

Телеком Словенија ја зголеми добивката за 17 проценти

TELEKOM1

Телеком Словенија во првата половина од оваа година имаше 396 милиони евра оперативни приходи што е за еден процент повеќе од истиот период од минатата година. Нето добивката на компанијата изнесува 30.9 милиони евра со што забележаа пораст од 17 проценти за разлика од 2012-та година.

Претседателот на Управниот Одбор, Змаго Скобе изјави дека Телеком Словенија и покрај економската криза ги зголеми приходот и профитот во првата половина од оваа година и дека се меѓу оние европски оператори со слична величина кои работеле подобро.

„Влошената економска ситуација се рефлектира со намалување на користењето на нашите услуги, па поради тоа мораме да работиме на оптимизација на работењето“, изјави Скобе.

Нето финансискиот долг на групацијта Телеком Словенија до крајот на јуни изнесуваше 341.6 милиони евра, а според Скобе словенскиот оператор е еден од најмалку задолжените во Европа.

Телеком Словенија е една од 15-те државни компании кои владата ги стави на листата за продажба.

Според медиумите во Словенија, хрватскиот оператор „T-HT“ кој е во сопственост на „Deutsche Telekom“ се споменува како потенцијално заинтересирана страна, иако претходно се споменуваа „Telekom Austria“, но и нордискиот „Telenor“ и инвеститори од Русија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП