27 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРА„Поточиња 2022“ на 18 и 19 јуни во Филхармонија

„Поточиња 2022“ на 18 и 19 јуни во Филхармонија

„Поточиња 2022“ и официјално ќе се одржи на 18 и 19 јуни во Македонска Филхармонија.

Новото претстојно издание на „Поточиња“, како еден од најпознатите детски музички фестивали, е време за повторно дружење на големата сцена.

По три години, без никакви ограничувања и рестрикции, на „Поточиња 2022“ повторно ќе протечат и ќе се разлеат нови игри, песни, насмевки и радости на голема сцена и пред несомнено полна сала.

Фестивалот ќе се одржи во три достапни термини на 18.6.2022 (сабота) и 19.6.2022 (недела), односно со почеток во 11:00 часот, 13:00 часот и во 19:00 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП