27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Ford Taurus“ се враќа (ФОТО/ВИДЕО)

„Ford Taurus“ се враќа (ФОТО/ВИДЕО)

„Ford“ одлучи да повлече неколку класични модели на патнички автомобили од Европа, вклучувајќи го и „Mondeo“. Сепак, постои нова генерација и веќе е претставена на некои пазари.

Кинезите први го видоа новото „Mondeo“ на светската премиера која се одржа на почетокот на годината. Еден месец подоцна беше претставено шминкерското издание „ST Line“ на семејната лимузина на „Ford“.

Многу богато опремениот „Mondeo“ се нуди во комбинација со 2.0-литарски „EcoBoost“ турбо-бензинец со 238 ks, а кој звучи многу примамливо.

„Ford“ не застана тука, па сега реши да врати звучно име од своето минато. Тоа е „Taurus“, кој всушност е само преименувано ново „Mondeo“.

Ќе се нуди исклучиво на пазарот на Блискиот Исток, каде „Ford“ е се подобар и подобар.

Во секој случај, ова е многу интересен автомобил кој многумина би сакале да го видат и на другите патишта, но, за жал, нема да има ништо од тоа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП