26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИLenovo сака да ја превземе компанијата Research In Motion

Lenovo сака да ја превземе компанијата Research In Motion

lenovo1

Според Блумберг, „Lenovo“ бара компании кои би можел да ги превземе и да стапи во стратешко партнерство, со цел да го прошири своето работење, а како еден од потенцијалните кандидати за превземање е компанијата „Research In Motion“ (RIM).

Со превземањето на „RIM“, „Lenovo“ ќе го зајакне својот бизнис со „паметните“ мобилни телефони. Претставниците на „Lenovo“ потврдија дека ги започнале преговорите со „RIM“, потенцирајќи дека разговорите биле отворени. Но, тие не објавија дали во компанијата е донесена конечна одлука во врска со можното превземање на „RIM“.

Превземањето на „RIM“ од страна на кинеска компанија би можело да биде интересно и од безбеден аспект. Поточно, во минатото, ваквите активности беа блокирани од страна на владата на САД, поради сомневањата дека ова на кинеската влада ќе и овозможи шпионирање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП