Клучот на долговечноста е во неоптоварувањето на нашето тело со вишок килограми. Да се внесува онолку храна колку е потребно да се задоволат метаболните потреби на организмот, но да не се прејадуваме. По големото количество на шеќери, масти и тешки храни кои се консумираат во текот на празниците, најдобар начин да го вратите метаболизмот во колосек е одново да го навикнете на полесна храна која е пријатна за него.
Здравата исхрана не подразбира строги диети и големи откажувања! Клучно е да го лимитирате внесот на процесирана и брза храна и паралелно со нормалната исхрана да користите природни додатоци во исхраната наменети за поддршка на здравјето и функцијата на црниот дроб и детоксикација на организмот. Се препорачува ХЕПАТОЛ ФОРТЕ додаток на исхраната со екстракт од млечен трн (со Силимарин), екстракт од листови од артичока, глукуронска киселина (во вид на калциум Д глукорат) и лецитин (од соја). Со негово редовно внесување се обезбедува заштита на клетките на црниот дроб од оштетувања предизвикани од страна на токсични материи и инфекции, како и намалување на акумулираните масти.


