27 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАДва милиони луѓе бараат Амбер Херд да биде исфрлена од новиот „Аквамен“

Два милиони луѓе бараат Амбер Херд да биде исфрлена од новиот „Аквамен“

За време на судењето меѓу холивудската ѕвезда Џони Деп и неговата поранешна сопруга Амбер Херд, на виделина излегуваат детали од нивната врска, но и карактер.

Во светло на најновите информации за актерката, многумина почнаа да се сомневаат во вистинитоста на тврдењето на Амбер Херд дека била физички и психички малтретирана од нејзиниот поранешен сопруг Џони Деп. Најверните обожаватели на ѕвездата од „Пиратите од Карибите“ никогаш не го доведоа тоа во прашање, а последниот судски случај ги поттикна да покренат петиција за да ја исфрлат Амбер од продолжението на „Аквамен“.

Премиерата на ова остварување е планирана за 2023 година, но се уште е неизвесно дали бившата на Деп ќе успее да ја задржи главната женска улога.

Да потсетиме, кариерата на Џони Деп тргна надолу по првите обвинувања за злоупотреба, а освен што актерот ја загуби улогата во познатиот филм „Fantastic Beasts“, а кон крајот на минатата година сите филмови во кои глумеше беа избришани од популарната платформа за стриминг. Нетфликс во Америка и Австралија.

„Мажите се жртви на семејна злоупотреба, исто како и жените. Ова мора да се препознае и да се преземат мерки за да се спречи славењето на познатиот насилник во забавната индустрија“, се вели во петицијата.

„Направете ја вистинската работа. Отстранете ја Амбер Херд од Аквамен 2“, се додава во петицијата, која беше покрената во 2019 година, но повторно е актуелна поради судењето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП