27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Audi“ повика на откажување од нафтата и постави конкретен рок

„Audi“ повика на откажување од нафтата и постави конкретен рок

Извршниот директор на „Audi“, Маркус Дуизман изјави дека европските производители на автомобили се обврзани да се обединат и да престанат да нудат возила со мотори со внатрешно согорување од 2040-та година.

„Да покажеме храброст и да преземеме одговорност со тоа што ќе се обврземе целосно да се откажеме од фосилните горива до 2040-та година. Мораме да ја насочиме целата наша енергија на електричните автомобили за индивидуална мобилност“, рече Дуизман.

Самиот „Audi“, како што е познато, планира да го прекине производството на автомобили со мотори со внатрешно согорување до 2033-та година (т.е. по 11 години). „Volkswagen“ има слични планови, подготвувајќи се да го стори истото во 2035-та година, но само во Европа. Во САД и Кина, целосната електрификација ќе се случи подоцна.

Сепак, не сите производители се убедени дека моторите со внатрешно согорување треба да бидат „закопани“. Во интервју за „Auto Motor und Sport“, директорот за развој на „BMW“, Френк Вебер изјави дека неговата компанија не сака да се откаже од конвенционалните возила.

„Сè уште ни треба модерниот мотор, па ние во „BMW“ работиме на новите генерации – бензин, дизел, 6-цилиндричен, 8-цилиндричен. Тие целосно ќе ги задоволат идните еколошки стандарди“, објасни Вебер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП