26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОва се најдобрите земји за бизнис

Ова се најдобрите земји за бизнис

zemji

Блумберг втора година по ред ја претставува својата ексклузивна анализа која ги прeтставуваа земјите во светот, кои во оваа година се најдобрите земји за бизнис.

Во анализата се вклучени 161 земји, кои се оценувани според шест критериуми, односно оценувани се трошоците за да започнете бизнис, трошоците за работна сила, трошоците за транспорт на стока…

Беше оценувана и глобалната интеграција, нивото на инфлација, како и потрошувачката база.

Како и на листата од минатата година, првото место го завзема Хонг Конг, на второ место е САД, а трета е Јапонија.

Интересно е тоа што прочуените БРИК земји во оваа анализа лошо поминаа. Единствено Кина успеа да остане во Топ 50 земји, додека Русија, Индија и Бразил се наоѓаат над 50-то место.

Единствени земји од регионот кои се во Топ 50 се Словенија, која се наоѓа на 35 место (минатата година на 55), и Хрватска која е на 49 место (минатата година на 62).

Ова е листата со 20 најдобри земји за бизнис во 2013 година:

1.Хонг Конг

2.САД

3.Јапонија

4.Холандија

5.Германија

6.Австралија

7.Канада

8.Сингапур

9.Данска

10.Велика Британија

11.Австрија

12.Шведска

13.Белгија

14.Франција

15.Финска

16.Шпанија

17.Обединети Арапски Емирати

18.Швајцарија

19.Норвешка

20.Полска

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП