27 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЦимет: Топ 5 неверојатни начини за употреба на овој зачин

Цимет: Топ 5 неверојатни начини за употреба на овој зачин

Секако, циметот е надалеку најпознат како додаток на јадењата и фрапе пијалоците, но веќе стотици години се употребува во Кина и Индија како лек при лекување на грип и желудечни проблеми. За што се уште може да го употребите циметот дознајте во продолжение.

Раст на косата

Еден од начините да се поттикне растот на косата и да се негува главата е да употребите токму маска од цимет. Промешајте две лажици цимет со малку мед со половина шолја маслиново масло. Во смесата додадете и едно јајце за да се згусне, а потоа втријте ја на влажна коса и оставете ја да делува 10 – 15 минути. После тоа исперете со шампон.

Лош здив

Ако имате мака со лошиот здив, едноставно изедете едно стапче цимет или испијте малку превриена вода во која што сте ставиле малку од овој зачин.

61095662

Сјај за усни

За почеток на усните ставете малку вазелин, а потоа втријте и малку цимет на усните и оставете го да отстои минута – две. Ќе почувствувате како усните благо ви трнат, но ефектот ќе биде одличен. Треба да внимавате циметот никогаш да не го ставате директно на кожата бидејќи може да дојде до иритација.

Маска за лице

Исчитете го лицето од акни со производ на база на цимет кој што може и сами да си го направите. Измешајте три лажици мед и една цимет. Кога смесата ќе стане доволно густа – нанесете ја на лицето. Циметот ќе ги спречи бактериските акни, а медот ќе помогне за кожата да се хидрира.

Отстранување на сувата кожа

Како би ги отстраниле старите слоеви од кожа и да го повратите нејзиниот сјај, доволно е да нанесете смеса од морска сол, бадемово масло, мед и мелен цимет.

А да, циметот во палачинки и во варено вино е најдобар додаток.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП