10 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMicrosoft сака дел во Foursquare

Microsoft сака дел во Foursquare

microsoft1

„Microsoft“ е во преговори со компанијата „Foursquare“ околу потенцијалното купување на дел од оваа компанија, дознава агенцијата Ројтерс.

Преговорите се во поодмината фаза, дознаваат тие, но „Foursquare“ разовара и со други потенцијални партнери, не само со „Microsoft“.

Официјална потврда за овие информации нема, од „Microsoft“ не сакаат да коментираат, а портпаролот на „Foursquare“ рече дека информацијата спаѓа во категоријата – шпекулации.

Сервисот кој ви овозможува да се чекирате на одредена локација, да оставате коментари и да добивате евентуални погодности за лојалноста, постои од 2009 година, а според податоците од април 2012 година, има 20 милиони регистрирани корисници, пренесуваат агенциите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП