6 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАВил Смит ќе добие помош за справување со стресот по инцидентот што...

Вил Смит ќе добие помош за справување со стресот по инцидентот што се случи минатиот месец

Здравиот разум на Вил Смит е доведен во прашање по неговиот испад на „Оскарите“.

Британски „Гардијан“ пренесува изјава на холивудски извор кој тврди дека Вил Смит ќе добие помош за справување со стресот по инцидентот што се случи минатиот месец.

53-годишниот актер, кој очигледно сака да го заборави инцидентот набрзина, побарал помош од експерти во клиника за рехабилитација за познати личности, за да му помогнат да се справи со проблемите поврзани со стресот.

Истиот извор тврди дека тоа е обид да се врати навреме за да ја спаси својата сега веќе несигурна кариера и репутација. „Влијанието на повратната реакција силно го погоди Вил, па тој ќе добива помош за справување со стресот. Ова е несомнено битката на неговата кариера.“

„Тоа ќе биде луксузно засолниште што го користат богати и славни, и тој ќе може да истражува и размислува како да тргне напред,“ рекол аутсајдерот во изјава за „Сан“.

Откако Смит му удри шлаканица на комичарот Крис Рок на доделувањето „Оскари“, тој стана главна тема во медиумите и на социјалните мрежи, кои беа преплавени со мемиња за него. Неговиот лик беше присутен и во салоните за тетоважи бидејќи очигледно некои поединци не сакаат да го заборават тој момент. Неколку сопственици на вакви салони изјавија дека има голем интерес за тетоважи со оскаровската шлаканица.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП