24 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАБрус Вилис првпат во јавноста по веста за болеста(ФОТО)

Брус Вилис првпат во јавноста по веста за болеста(ФОТО)

Брус Вилис е виден за прв пат откако откри дека го напушта актерството бидејќи му била дијагностицирана афазија.

На видеото објавено од неговата сопруга Ема Хеминг Вилис, актерот е виден како шета низ шумска област за време на чист пролетен ден. Ема сподели и серија фотографии од патување на отворено на кое таа и нејзиниот сопруг седеа на трупец, со натпис „Мама и тато во нивното омилено живеалиште“, а фотографијата ја направи нивната ќерка Мејбел Реј (10), која се гледа и на снимката.

Семејството на Вилис, вклучувајќи ја неговата сопруга Ема, поранешната сопруга Деми Мур (59) и петте ќерки Румер (33), Скаут (30), Талула (28), Мејбел Реј и Евелин (7), објавија заедничка изјава преку Инстаграм минатата недела во кое е обелоденета дијагнозата.

„Како резултат на ова и со многу размислување, Брус се оддалечува од кариерата која му значеше многу. Ова е навистина предизвикувачки период за нашето семејство и ние сме многу благодарни за вашата љубов, сочувство и поддршка“, писуваше на почетокот, а потоа додадоа дека во несреќата која ги снајде поради лошата здравствена состојба на популарниот актер, сите се држат заедно.

Извор за „People“ во средата изјави дека „сите се фокусирани на среќните моменти кои можат да ги споделат со актерот“ и дека „Ема е особено благодарна за ќерките што ги има со Брус“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП