25 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАМадс Микелсен е многу подобар од Џони Деп како Гриндевалд, велат критичарите

Мадс Микелсен е многу подобар од Џони Деп како Гриндевалд, велат критичарите

Иако „Фантастични ѕверки: Тајните на Дамблдор“ заработи средни рецензии (на веб-страницата „Ротен томатос“ има оценка 59%), речиси секој професионален критичар се согласува дека Мадс Микелсен е огромно подобрување во однос на Џони Деп во улогата на злобниот волшебник Гринделвалд.

Деп го играше ликот во „Фантастични ѕверки: Злосторствата на Гринделвалд“, но беше отстранет од новиот филм. „Ворнер Брос“ побара од него да го напушти филмот откако го загуби судскиот спор за клевета против британскиот весник „Сан“,  кој го нарече тепач на жена во статија за неговиот бурен брак со поранешната сопруга Амбер Херд.

Микелсен беше доведен на местото на Деп. Преземајќи ја улогата на Гелерт Гринделвалд, данскиот актер стана главниот антагонист на серијалот „Фантастични ѕверови“.

Претходно, во интервју за неделникот Entertainment Weekly, тој нагласи дека преземањето на улогата од Деп „е незгодно бидејќи мора да постои мост помеѓу она што го направи Џони и она што јас ќе го направам. И во исто време, мора да го направам и мое“.

Се чини дека критичарите го фаворизираат Микелсен во улогата многу повеќе отколку Деп.

„Микелсен се провлекува во улогата на Гринделвалд толку природно што е лесно да се заборави дека Деп некогаш ја одиграл улогата“, пишува Кирстен Акуна од „Инсајдер“. „Со Деп, не можев да разберам зошто некој би сакал да следи волшебник кој комично изгледаше како уште еден бизарен изум од актерскиот синџир на ексцентрични ликови што ги играше низ годините. Спротивно на тоа, Микелсен го глуми Гринделвалд со угладена, шармантна харизма што ве убедува зошто некој би бил заведен од овој примамлив, убав волшебник и би бил навлечен да води војна за него“.

Питер Бредшо од „Гардијан“ напиша во својата рецензија дека Микелсен дава посуптилна и поподмолна изведба од онаа на Деп, додека Роби Кален од „Телеграф“ тврди дека изведбата на Микелсен докажува дека тој требало да биде избран од самиот почеток наместо Деп.

Керолин Мекгин од Time Out пишува дека Микелсен прави фантастично злобна замена за Џони Деп. Томрис Лафли од AV Club го опиша како „динамична алтернатива на камената фасада на Деп“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП