25 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАВил Смит ја напушти Академијата: „Шокантно, болно, непростливо“

Вил Смит ја напушти Академијата: „Шокантно, болно, непростливо“

Актерот Вил Смит поднесе оставка од Американската филмска академија откако му удри шлаканица на комичарот Крис Рок на Оскарите.

„Мојата постапка на 94-тото доделување беше шокантна, болна и непростлива. Има многу што ги повредив, вклучувајќи го Крис, неговото семејство, многу драги пријатели и оние што ги сакам, оние кои беа во публиката, како и публиката ширум светот“, рече Смит.

Според него, тој ја изневерил довербата на Академијата и ја ускратил можноста да прослават оние кои исто така биле номинирани за наградата.

Академијата ја прифати неговата одлука и ќе продолжи со дисциплинската постапка против него. Инцидентот се случил откако Рок се пошегувал на сметка на сопругата на Смит, Џејд Пинкет Смит.

За него не беше прифатливо Рок да се шегува со неговата сопруга дека нема коса, што е последица на алопеција. По инцидентот, тој доби Оскар за најдобар актер за улогата во филмот „Кралот Ричард“. Во овој филм тој го играше таткото на тенисерките Венус и Серена Вилијамс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП