16 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАБрус Вилис е принуден да ја заврши кариерата поради болест

Брус Вилис е принуден да ја заврши кариерата поради болест

Американскиот актер Брус Вилис бил принуден да ја заврши кариерата бидејќи му била дијагностицирана афазија, губење на говорната способност или разбирање на говорот.

Семејството на Брус Вилис денеска на Инстаграм објави дека на 67-годишниот актер неодамна му била поставена дијагнозата афазија и дека тоа влијае на неговите когнитивни способности.

„Како резултат на тоа, Брус става крај на кариерата која толку многу му значеше“, се вели во изјавата потпишана од сопругата на Вилис, Ема Хеминг Вилис, поранешната сопруга Деми Мур и петте негови деца.

Афазија обично се јавува по мозочен удар или повреда на главата, но може да се развие и постепено поради бавно растечки тумор на мозокот или болест која предизвикува дегенеративни промени.

Терапијата вклучува помош од логопед, но и учење невербални средства за комуникација.

Веста за болеста на Вилис брзо се прошири на интернет, со оглед на тоа дека тој е еден од најпопуларните холивудски актери.

Меѓу филмовите во кои оствари најзабележителни улоги се „Умри машки“, „Петпарачки приказни“, „Шесто сетило“, „Дванаесет мајмуни“, „Шакал“, „Петтиот елемент“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП