24 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАНа 7-ми мај Друштвото на писатели избира ново претседателство

На 7-ми мај Друштвото на писатели избира ново претседателство

Во сабота, 7 мај 2022 година во 12:00 часот ќе се оддржи Изборно собрание, односно редовни избори за Претседателство на Друштвото на писателите, кое вклучува избор за Претседател на ДПМ и Претседател на Собранието на ДПМ, заедно со останатите членови на Претседателството на ДПМ. Гласањето ќе се одвива во просториите на ДПМ, со почитување на важечките Ковид протоколи.

Кандидатите-писатели за овие функции според Статутот на најголемата писателска асоцијација во нашата земја, кандидатурите ги поднесуваат заедно со Програма срочена на не повеќе од 3 страници, која претходно треба да биде испратена до членството, како и на мејл адресата на Претседателството на ДПМ – [email protected].

Рокот за поднесување на кандидатури е до 15 април 2022 година.

Во согласност со Статутот, за успешно ќе се смета гласањето во кое ќе биде обезбеден кворум со просто мнозинство од најмалку 50 проценти од вкупниот број членови на Друштвото, кое брои над 300 живи членови, што ја става маргината на над 150 присутни членови. Во спротивно, гласањето ќе биде повторено и Друштвото ќе остане без ново раководство, сѐ до спроведување успешен гласачки процес.

Мандатот на Претседателот, Претседателот на Собранието и членовите на Претседателството на ДПМ трае четири (4) години, двојно повеќе од она што беше пракса во минатото кога за мандатот за овие позиции беше во времетраење од две (2) години.

На минатото Изборно собрание за Претседател на ДПМ беше избрана Соња Стојменска-Елзесер, долгогодишен член на Институтот за македонска литература и еминентен, етаблиран книжевен критичар во нашата земја, но и во балкански и светски рамки.

Гласањето ќе биде од отворен тип и присуството на медиумите е добредојдено.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП