2 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРА„Варијации“: Симон Трпчески го објави првиот самостоен албум за британската „Лин рекордс“

„Варијации“: Симон Трпчески го објави првиот самостоен албум за британската „Лин рекордс“

Виртуозот на пијано, маестро Симон Трпчески, го објави „Варијации“, првиот самостоен албум за британската издавачка куќа „Лин рекордс“. На албумот се наоѓаат дела од Бетовен, Моцарт и Брамс.

Ова доаѓа по проектот „Македонисимо“ и албумот со филхармонискиот оркестар „Јаначек“ од Острава.

Трпчески во април ќе ги продолжи рециталите во САД и ќе ги одржи презакажаните настапи со Кралскиот шкотски национален оркестар во Единбург и Глазгов. Тој потоа ќе има и концерти со Сиднејскиот симфониски оркестар, премиерите на „Македонисимо“ во Хрватска и во Северна Америка, но и гостувања во Пјонгчанг и Чикаго, пренесе Здружението за култура и уметност „КултурОп“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП