5 април, 2025
ПочетнаКУЛТУРАОтворен повик за Скала Галериска Изложба #4!

Отворен повик за Скала Галериска Изложба #4!

Студентската платформа „Скала магазин“ го објавува четвртиот повик за групна галериска изложба. НА ОВОЈ ПОВИК МОЖЕ ДА СЕ ПРИЈАВАТ СИТЕ АВТОР(К)И, КОИ ИМААТ СТАВ НА ТЕМА: ПОЛАРИЗАЦИЈА.

Уметничките дела може да бидат во било кој визуелен медиум: видео арт, сликарство, фотографија, илустрација, графика, скулптура… Секој автор може да пријави макс. 3 дела.

На конкурсот ќе бидат разгледани исклучиво дела кои ја обработуваат темата „поларизација“ и дела кои се создадени во временски период помеѓу 10 март и 10 април, 2022 година. Сите дела кои се надвор од овие рамки ќе бидат дисквалификувани.

Скала магазин има обврска да ги отпечати и врами делата, да ги изложи во галериски простор, да испечати мал каталог за изложбата, и да организира пригоден коктел за отворањето.

Aвторите ќе имаат можност да ги продаваат своите изложени дела на Скала продавница.

Конкурсот е отворен до 10 април 2022 година. Пријави се тука!

Овој проект е поддржан од Democracy Lab. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на авторите, и не ги одразуваат оние на Democracy Lab.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП