25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПоради Украина, Adobe ја намали прогнозата за приходите

Поради Украина, Adobe ја намали прогнозата за приходите

Цената на акцијата на „Adobe“ падна за 10% во средата, откако софтверската компанија ја намали прогнозата за фискалната година, земајќи го предвид ефектот од прекинот на продажбата во Русија, пишува „CNBC“.

На 4-ти март, првиот ден од фискалниот квартал на „Adobe“, компанијата соопшти дека ги запира новите продажби во Русија и Белорусија по руската инвазија на Украина. Во својот извештај за првиот квартал, објавен по затворањето во вторникот, „Adobe“ рече дека ја намалува својата годишна прогноза за приходи на 75 милиони долари за фискалната 2022-ра година поради нејзиното повлекување од регионот.

Иако „Adobe“ ќе продолжи да продава производи во Украина, ги намали очекувањата за приходи од дигитални медиуми за годината за уште 12 милиони долари, што доведе до вкупно намалување од 87 милиони долари. Компанијата предвидува приход од 4,34 милијарди долари за фискалната година.

Аналитичарите од различни компании, вклучително и „Deutsche Bank“ и „Piper Sandler“, ја намалија целната цена на акциите како одговор на променетата прогноза на „Adobe“.

Ова е втор пат во последните три месеци „Adobe“ да бележи двоцифрен пад. Во декември вредноста на нејзините акции падна откако компанијата даде прогноза за првиот квартал, која се покажа под прогнозите. Цената на акциите падна за 39% од својот историски максимум во ноември до 420,31 долар по акција некаде на средината на последниот трговски ден.

И покрај својата прогноза, „Adobe“ објави приходи повисоки од очекуваните за кварталот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП