18 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕОвој специјалитет ќе ви помогне да го прочистите организмот

Овој специјалитет ќе ви помогне да го прочистите организмот

Направете освежувачко, здраво песто со листови од див лук , кој е одличен како чистач на крвта и нашиот организам…

Оваа самоникната, дива билка, по лековитоста се споредува со лукот, со кој дели сличен интензивен мирис и вкус. Ја нарекуваат чистач на крвта, а добра е и при тегобите со лишаи, реума, гихт. Оваа билка можете да ја додадете свежа во салатите, варивата, а еве како можете да подготвите и песто за четири лица:

Состојки:

– 2 китки див лук

– 100 мл маслиново масло

– 1 лажица пињоли

– свежо мелен црн пипер

– 50 до 75 гр рендан пармезан

– сол

Подготовка:

Измијте го и исецкајте дивиот лук. Во тавче без масти испржете ги пињолите. Дивиот лук, маслото, пармезанот и пињолите ставете ги во блендер и мешајте додека смесата да стане хомогена. Додадете црн пипер и сол по желба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП