19 мај, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОКонечно трансфер за Арсенал, се враќа Фламини

Конечно трансфер за Арсенал, се враќа Фламини

flamini

Екипата на Арсенал конечно ги засили своите редови. Од денеска нов член на „топџиите“ е повратникот во клубот Матие Фламини кој се врати во Лондон, откако му истече договорот со Милан. Французинот стави потпис на тригодишен договор, откако ги договори личните услови и ги помина медицинските тестови.

Фламини кој од 2004-та до 2008-та настапуваше за Арсенал, не успеа да се договори за продолжување на соработката со Милан и сега повторно ќе игра за „топџиите“.

Според англиските медиуми, 29-годишниот фудбалер потпишал договор на три години според кој ќе заработува по 50.000 фунти неделно.

Некогашниот играч на Олимпик Марсеј во изминативе пет сезони во дресот на Милан забележа 96 настапи во италијанската Серија А на кои успеа да постигне седум голови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП