7 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЦимет - кралски зачин кој го чува здравјето

Цимет – кралски зачин кој го чува здравјето

Циметот е зачин кој главно се поврзува со слатките, но тој има многу предности кои го прават корисен во секојдневната исхрана и е одличен чувар на здравјето.

Тој има способност за ревитализација на метаболизмот, со што ефикасно се губат килограмите.

Циметот помага и за намалување на нивото на ЛДЛ холесторолот во телото, оставајќи го нивото на добриот холестерол непроменето.

Циметот им се препорачува на дијабетичарите бидејќи природно го регулира нивото на шеќерот во крвта.

Овој зачин го „грее“ телото и ја подобрува циркулацијата на крвта. Најмногу корист од зголемениот проток на крвта има срцето, бидејќи тоа значи намалување на отчукувањата на срцето и намалување на крвниот притисок.

Циметот може да користи и при лекување на различни воспаленија. Од зачините, освен циметот, такви особини имаат и карито и ѓумбирот, кои исто така помагаат во случај на артритис.

Помага и при подобра работа на мозокот и го намалува создавањето на тестостерон, а го зголемува производството на прогестерон.

Циметот може да се користи и како ароматерапија, со која се подобрува расположението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП