14 октомври, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЗошто е добро да јадете риба барем еднаш неделно

Зошто е добро да јадете риба барем еднаш неделно

Рибата е вистински извор на здравјето, па затоа јадете ја барем еднаш неделно, советуваат експертите.

Рибата е вистинската храна за мозокот. Без оглед дали станува збор за една филета или повеќе, или дали таа е печена или грилувана, и без оглед на тоа колку точно омега 3 масни киселини содржи во неа, експертите препорачуваат рибата да се јаде најмалку еднаш неделно.

Помнењето е многу подобро кај лицата кои редовно консумираат риба, отколку кај оние кои тоа го прават ретко, покажа научното истражување.

„Нашето истражување покажа дека лицата кои јадат грилувана, печена или варена риба, но не и пржена, имаат подобра меморија. Сепак, не најдовме поврзаност со омега 3 масните киселини и овој заклучок. Затоа не е важно колку омега 3 масни киселни има, важно е само да е риба. Па затоа консумирајте ја почесто, вели професорот на универзитетот за медицина во Питсбург, д-р Џејмс Бекер, кој додава дека и останати намирници во дневното мени треба да се од листата на намирници кои се сметаат за здрави.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП