27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГеоргиевски: Фаворити сме против Романците, но нема да ни биде лесно

Георгиевски: Фаворити сме против Романците, но нема да ни биде лесно

Македонската ракометна репрезентација гo имаше првиот собир во пресрет на подготовките за баражот со Романија. Од утре ќе се стартува и со тренинзи, како подготовка пред првиот плејоф-дуел за пласман на Светското првенство во 2023 година.

Романија е сериозен ривал, иако македонските ракометари важат за фаворити на хартија. Гоце Георгиевски можеби најдобро ги познава ривалите, со оглед дека своевремено беше на печалба токму во Романија.

„Романија е квалитетна репрезентација и сигурно дека нѐ очекува тежок двомеч. Мислам дека немавме среќа при ждребот, но, сепак, сме фаворити на хартија и тоа треба да го оправдаме со добра игра“, изјави десното крило, Гоце Георгиевски.

Од утре се приклучува селекторот Кире Лазаров, кој денеска имаше клупски обврски со Нант, како и интернационалците од Германија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП