6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПодобрена понуда за дуото Фелаини-Бејнс

Подобрена понуда за дуото Фелаини-Бејнс

Fellaini-Baines

Екипата на Манчестер Јунајтед направи втора подобрена понуда за дуото од Евертон, Маруан Фелаини и Лејтон Бејнс , пишува денеска весникот „Мирор“.

„Црвените ѓаволи“ веќе нудат 38 милиони фунти , што е за 10 милиони повеќе од првата понуда која беше категорично отфрлена од раководството на Евертон.

Сепак клубот се уште нема одговорено на втората понуда. Според изворите од клубот, тие се подготвени да го продадат само Фелаини .

Новиот тренер, Роберто Мартинез не е голем поддржувач на белгискиот репрезентативец и е подготвен да го продаде за 25 милиони фунти .

Овој трансфер би требал да се случи многу наскоро за да може Евертон да го доведе неговиот заменик Џејмс Мекарти од Виган. Тој е желбата на Мартинез и токму Шпанецот го доведе во Виган пред 4 години .

Сега тој сака да го земе и во Евертон . Интерес за него сепак има и од Тотенхем и Њукасл . За да ги претекне , Евертон треба да дејствува брзо, но од Виган се очекува да побараат импресивни 15 милиони фунти за Мекарти.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП