30 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАЛејди Гага тргнува на светска турнеја

Лејди Гага тргнува на светска турнеја

Лејди Гага најави промени во датумите на концертите на својата многу пати одложувана светска турнеја Chromatica Ball, на која планира да одржи 14 концерти.

Поп-дивата ќе ја почне турнејата на 17 јули во Дизелдорф, Германија, потоа ќе настапи во уште четири европски градови, а во август ќе продолжи со концерти во северноамериканските градови.

Дизелдорф е единствениот град во Германија каде што ќе настапи и има предност пред главниот град Берлин и другите поголеми германски градови како Минхен и Хамбург.

Покрај Дизелдорф, нејзината турнеја што ќе трае до средината на септември вклучува и настапи во Стокхолм, Париз, Лондон, Торонто, Вашингтон, Бостон, Чикаго, Атланта, Сан Франциско и Лос Анџелес.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП