25 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРА„Бетмен“ заработи 248,5 милиони долари во првите три дена(ВИДЕО)

„Бетмен“ заработи 248,5 милиони долари во првите три дена(ВИДЕО)

Најголемиот детектив на светот ја спроведува својата слатка одмазда на светските благајни.

Суперхеројскиот крими-еп во режија на Мет Ривс стана најголем воведен викенд на Warner Brothers од „Џокер“ во 2019 година и тоа е најдоброто меѓународно отворање во екот на пандемијата на Warner Bros, со исклучок на Кина.

„Бетмен“ се појави во кината изминатиов викенд, заработувајќи 128,5 милиони долари во своето деби на домашните киноблагајни.

Во светски рамки, филмот заработи 248,5 милиони долари од 75 пазари.

Филмот за човекот лилјак со Роберт Патинсон во главната улога на борец против криминалот стана второ највисоко домашно отворање во ерата на пандемијата, зад „Човек пајак: Далеку од дома“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП