13 мај, 2025
ПочетнаАВТОБИЗ„Volvo“ тестира технологија за безжично полнење (ВИДЕО)

„Volvo“ тестира технологија за безжично полнење (ВИДЕО)

Шведскиот производител на автомобили „Volvo Cars“ тестира нова технологија за безжично полнење развиена со помош на надворешни партнери за да го процени неговиот потенцијал за своите електрични возила.

Создавањето на безжични полначи е дел од стратешката иницијатива на „Gothenburg Green City Zone“, која користи одредени области од градот како полиња за тестирање на нови технологии. Самите станици за полнење се испорачуваат од „Momentum Dynamics“, водечки развивач на системи за безжично полнење за електрични возила.

Полнењето започнува автоматски кога автомобил компатибилен со системот е паркиран на подлогата за полнење вградена на улицата, дозволувајќи им на возачите да не се грижат за каблите и адаптерите, па дури и да не го напуштаат возилото. Станицата за полнење испраќа енергија преку подлогата за полнење, која ја фаќа приемникот во возилото. За лесно комбинирање на автомобилот со подлогата за полнење, автомобилот го користи својот систем на камера од 360 степени.

За целосно електричните возила „XC40 Recharge“, безжичната моќност ќе биде повеќе од 40 kW, што ќе ја направи брзината на полнење околу четири пати поголема од конвенционалниот полнач. Безжичниот полнач е скоро исто брз како и полначот со кабел – за 30 минути автомобилот се полни доволно за да помине 100 километри. Тест електричните автомобили на „Volvo“ моментално се возат повеќе од 12 часа на ден и ќе патуваат 100.000 километри годишно, што исто така ќе ја тестира нивната сила и издржливост.

Во проектот е вклучена и компанијата „Cabonline“, главен такси оператор во северниот регион на Шведска. Таа планира да се префрли на „Volvo XC40“ електрични автомобили и да ги полни безжично на паркинзите во Гетеборг во рок од три години. Минатата година „Volvo Cars“ стана членка на програмата „Gothenburg Green City Zone“, која има за цел да создаде возила со нулта емисија до 2030-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП