26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДоминација на Сити во градското дерби за да се врати на +6...

Доминација на Сити во градското дерби за да се врати на +6 пред Ливерпул

Надежите на Ливерпул дека Манчестер јунајтед ќе може да направи изненадување на „Етихад“ и да ја направи борбата за титулата во Премиерлигата понеизвесна не се остварија, откако Манчестер сити на Пеп Гвардиола во доминантна игра стигна до 4:1 победа над соседите.

Без Кристијано Роналдо во тимот, официјално поради повреда, мечот започна лошо за Јунајтед, откако Кевин де Брујне уште во 5. минута од мечот најдобро се снајде во шестнаесетникот и го совлада Давид де Хеа.

Јунајтед, успеа да израмни во 22. минута, кога Џејдон Санчо, поранешен јуниор на Сити, постигна прекрасен гол од далечина, но радоста траеше само шест минути, кога по уште еден „карамбол“ во шестнаесетникот Де Брујне во 28. минута донесе нова предност.

Доколку во првото полувреме, беа пристоји ривали на англискиот шампион, второто помина во знакот на тимот на Пеп Гвардиола, што резултираше во 68. минута Ријад Марез да постигне уште еден гол за 3:1 водство. Јунајтед до 85. минута од мечот воопшто не упатија удар во рамките на голот на Едерсон, пред во 91. минута Марез да го „закачи“ и вториот гол по долгата проверка на ВАР системот за можен офсајд.

Со победата, Сити има 69 поени, повторно шест пред Ливерпул (кои имаат натпревар помалку), додека Јунајтед сега се петти со 47 поени, поен зад Арсенал на четвртото место (и тоа со два меча помалку), така што шансите за топ 4 пласман се далечни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП