9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЧелзи го претстави Вилиан

Челзи го претстави Вилиан

vili

Челзи го финализира трансферот на Вилиан од рускиот Анжи (Махачкала), потврдија лондончани на својата официјална страна.25-годишниот Бразилец премина на „Стемфорд Бриџ“, откако денеска доби работна виза. Вилиан се обврза да го носи дресот на лондонските „сини“ во следните пет години.

Бразилиецот се сметаше за сигурно ново засилување на Тотенхем, откако во средата дури пристигна на „Вајт Харт Лејн“ и ги мина медицинските прегледи. Во четвртокот вечерта, сепак Челзи упатил понуда за играчот и во следните 24 часа договорот со „сините“ беше финализиран.

Според неофицијални информации лондончани ќе платат околу 30 милиони фунти за правата на Бразилецот. Главна заслуга за трансферот има сопственикот на Челзи, Роман Абрамович, кој е близок пријател со финансискиот добротвор на Анжи, Сулејман Керимов.

„Многу сум среќен што сум тука. Одамна сонував за тоа. Челзи е еден од најсилните тимови во светот, а сега ќе работам со еден од најдобрите менаџери во светот Жозе Мурињо“, изјави Бразилецот  за официјалната страна на Челзи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП