22 април, 2025
ПочетнаЗДРАВЈЕКако да знаете дали сте заразени: Ова се првите два симптоми на...

Како да знаете дали сте заразени: Ова се првите два симптоми на омикрон

Има широк спектар што укажува на ковид-19, а бидејќи сојот омикрон е во пораст, некои од симптомите што укажуваат на тоа се издвојуваат.

Студијата на научниците објавена во Journal of Microbiology, Immunology, and Infection покажа дека стомачните проблеми се релативно чест ран симптом на вирусот, па гастро симптомите може да бидат знак дека лицето е заразено со омикрон, пишува Вечерњи лист.

Од почетокот на пандемијата, Центарот за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) ги вклучи гадењето и повраќањето во листата на можни симптоми на Ковид-19. Но, лекарите сега предупредуваат дека овие два симптоми би можеле да бидат првите што ќе се појават кај пациенти инфицирани со варијантата омикрон.

„Кај делта, симптомите на горниот респираторен тракт беа многу сериозни и се појавуваа во белите дробови. Пациентите би имале пневмонија, отежнато дишење и би завршиле на респиратор. Но, со омикрон, пациентите имаат повеќе гастро проблеми и повеќе симптоми“, рече Бил Адмиер, главен медицински службеник во болницата во Алабама.

Истражувањето објавено во “Journal of Microbiology, Immunology, and Infection”, покажало дека стомачните проблеми се релативно чест ран симптом на вирусот.

Студијата наведува дека гадење и повраќање се јавуваат и кај возрасни и кај деца и дека тоа може да се првичните симптоми на инфекцијата. Понатаму, гастро симптомите може да бидат и знак дека некое лице е заразено со омикрон, а тоа не е само обична настинка.

Тим Спектор, професор по генетска епидемиологија на Кралскиот колеџ во Лондон, истакнува дека овие два гастроинтестинални симптоми се почести кај луѓето кои биле целосно вакцинирани или примиле бустер доза.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП