24 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕПодмладете ги очите: 5 намирници за совршен вид

Подмладете ги очите: 5 намирници за совршен вид

Не треба посебно да се нагласува колку видот ни е драгоцен и колку треба да се трудиме да го зачуваме од штетните зрачења, изложеноста на сонце и неадекватните услови за работа.

Ова се петте намирници кои треба редовно да ги консумирате…

1. Морков

Богат е со бета каротен и витамин А кои се клучни за здравјето на очите.

2. Лосос

Рибата богата со омега 3 масни киселини е одличен избор доколку сакате да го одржите видот.

3. Лиснат зелечук

Кељот, спанаќот, блитвата и зелката се богати со важни антиоксиданси – зеаксантин и лутеин кои се клучни во одржувањето на здравјето на очите.

4. Пченка

Пченката исто така е богата со зеаксантин и лутеин, па половина шоља на ден ќе ви ја даде потребната количина од препорачаните антиоксиданти.

5. Мисиркино месо

Мисиркиното месо е богато со витамин Б, ниацин и цинк, но и бројни други хранливи вредности.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП