Комичарот и актер Боб Сагет, кој минатиот месец беше пронајден мртов во хотелска соба во Орландо, Флорида, на 65-годишна возраст, починал од траума на главата откако случајно ја удрил, соопшти неговото семејство во средата.
Сагет, најпознат како веселиот татко во телевизискиот ситком „Полна куќа“, најверојатно си го удрил задниот дел на главата и легнал да спие без да размисли за можните последици од ударот“, тврди неговото семејство во изјава за „Ројтерс“. Не станува збор за дроги или алкохол.

