18 јуни, 2024
ПочетнаКУЛТУРААдел ги освои првите три награди на „Брит авордс“

Адел ги освои првите три награди на „Брит авордс“

Суперѕвездата на топ листите, Адел, ги освои првите три награди на „Брит авордс“ во вторникот, во првото безродово издание на британските музички награди.

Ова беше првпат во историјата на годишните награди на британската поп музика да нема родови поделби во категориите.

Поп-дивата родена во Лондон, или кралицата на Британците, како што ја нарече водителот Мо Гилиган, ја доби првата награда на вечерта Песна на годината за нејзиниот хит-сингл Easy on Me.

Песната е од нејзиниот најнов албум „30“, аудиозапис за кој Адел изјави дека го направила за да му помогне на својот деветгодишен син да сфати зошто се развела од татко му. „30“ воедно е и албум на годината.

„Би сакала да му ја посветам оваа награда на мојот син, и на Сајмон, на неговиот татко. Овој албум беше целото наше патување, не само мое“, рече насолзената Адел, мислејќи на својот поранешен сопруг Сајмон Конецки.

33-годишната пејачка и текстописец, исто така, ја освои наградата Уметник на годината, сега веќе без родова категорија во која беа номинирани и раперите Литл Симз и Дејв, како и Ед Ширан и Сем Фендер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП